Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Бран пријави за семејно насилство: Четири лица уапсени за семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Во изминатото деноноќие, полицијата регистрирала седум случаи на семејно насилство во Куманово, Тетово, Скопје и Кичево, при што четири лица се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Куманово, во 10:15 часот, приведен е М.М.(32), кој подолг период физички ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал.

— реклама —

Во Тетово се регистрирани два случаи. Во првиот, 31-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот И.М.(31), кој е приведен и задржан во полициска станица. Во вториот случај, 23-годишна жена пријавила психичко и физичко вознемирување од невенчаниот сопруг Ф.Р.(23), кој исто така е лишен од слобода.

Во Скопје, полициски службеници извршиле разговор со А.С.(38), кој агресивно се однесувал кон својата партнерка и нејзината мајка. Дополнително, малолетник пријавил дека бил физички нападнат од својот згрижувач, додека 64-годишен маж пријавил дека бил нападнат од сопствениот син.

— реклама —

Во Кичево, во раните утрински часови, приведен е Е.Б.(44), кој физички ја нападнал сопругата во семејниот дом.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања