Промени тема
Контакт

Браната Отиња се гради според предвиденото темпо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-2

Градежната агенда во реализација на капиталните проекти продолжува со силна динамика. Подигнувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани останува приоритет на Владата, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип. Овој капитален проект, за кој инвестираме 306 милиони денари, а чија изградба започна во јули 2021 година, е еден од многуте кои преку Министерството за транспорт и врски во овој момент се реализираат во источниот регион од земјата.

Министерот Бочварски оствари средба со изведувачот кој го запознаа со деталите на процесот при изградба на оваа брана.

„Можам со големо задоволство да констатирам дека изградбата на овој голем проект за Штип и Штипјани тече со посакуваното темпо. Наближува денот кога браната ќе ја отвориме за нашите граѓани, кога ќе се исполни сонот на многу генерации Штипјани. Дури и во зимски услови, градежната компанија активно и навремено ги извршува своите градежни активности. Физичката реализација на терен изнесува над 10 проценти, а рокот за нејзино завршување е до крајот на 2023, почетокот на 2024 година и уверени сме дека ќе биде завршена според предвидениот договор.“ – изјави министерот Бочварски.

— реклама —

Средствата за овој проект се обезбедени преку буџетот на Министерството за транспорт и врски.

— реклама —

До крајот на овој месец, исто преку буџетот на Министерството, ќе започне изградбата на водоводна мрежа, доводен и потисен цевковод, пумпна станица и електрични инсталации во населбите Блок 77 и Каваклија во Штип.

„Договорите со компанијата изведувач и компанијата за надзор се веќе потпишани. Очекуваме во текот на наредната недела да бидат воведат во работа, со што овој значаен проект за жителите на населбите Блок 77 и Каваклија ќе почне да се реализира на терен. Инвестициската вредност на проект изнесува 8,5 милиони денари и истиот треба да биде завршен во текот на летните месеци оваа година.“ – изјави Бочварски.

— реклама —

Во однос на реконструкцијата на патната инфраструктура во градот Штип, преку Министерството за транспорт и врски годинава ќе се реконструираат улиците 5-ти Конгрес, Браќа Даневи и улицата Солидарност, од проектот за Поврзување и санација на локални улици и патишта во општините.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања