Братот на Ел Чека, Блерим Амеди, ги демантира вестите дека е уапсен. Во изјава за весникот Лајм, Ахмеди рече дека овие шпекулации се намерни и излегуваат од кујната на ДУИ.
– Вестите за моето апсење се шпекулации кои ги вади партијата на власт ДУИ. Јас бев во полиција со посредниците на ОБСЕ кои видоа дека во Северна Македонија нема демокатија, туку тука продолжува комунизмот. Полицијата ги користи нејзините образложенија за ограничување на протестот, но ние ќе ја продолжиме нашата цел и во недела во 16:00 часот, ќе се сретнеме пред ректоратот на Тетовскиот универзитет и ќе маршираме кон седиштето на ДУИ, изјави за весникот Лајм, Блерим Ахмеди, веднаш откако излезе од полициската станица во Тетово.