Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Братот на Јовески починал на Онкологија во екот на скандалот, а таму пациент е и член на неговото семејство: Важно ми е да се дојде до вистината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
joveski-5132512351235

Братот на државниот обвинител Љубомир Јовески починал на Клиниката за онкологија во периодот кој сега се испитува од истражните органи, сведочеше тој пред Анкетната комисија за скандалот. Јовески посочи дека и сега близок член на неговото семејство се лекува на Клиниката, по што додаде дека Обвинителството работи без притисок и главната цел е да се дојде до вистината.

„Мојот единствен брат почина на Клиниката за онкологија пред четири години. Во моето најблиско семејство и сега имам пациент на оваа клиника. Ова не го кажувам за да докажам дека и мене ми е важно за да се дојде до вистината, туку затоа што знам дека и тој личен факт, кој не треба да го засега никого – може да се злоупотреби политички и фрли сомнеж на непристрасноста на постапката. Никогаш не сум влијаел, ниту сега ќе влијаам на јавните обвинители кои постапуваат. Важно ми е да се дојде во вистината“, кажа Јовески.

Тој им посочи на пратениците дека не може да се води паралелна истрага. Додаде дека Обвинителството е самостојно и се води постапката која треба да покаже што се случувало на клиниката.

— реклама —

„Барам поддршка од целата јавност да престане да се злоупотребува случајот ‘Онкологија’ во политички цели. Се загрозува валидноста на доказите, постапката. На ова укажа и претседателот на Основниот суд. Паралелна истрага не е дозволена. Се загрозува истражниот процес. Ако навистина се сака да се дојде до вистината и одговорност како што тврдите во секое обраќање – застанете зад самостојноста на Обвинителството. Чув дека има нови документи и докази, Ве повикувам да ги доставите до Обвинителство, а за кои зборувате по јавни настани“, додаде Јовески.

— реклама —

Претходно, тој побара од пратениците и политичарите да го остават Обвинителството да си ја работат работата.

— реклама —
Screenshot-2023-11-03-at-12.14.33

Јовески остро во Собрание: Оставете нѐ да си ја работиме работата, јас не сум ниту сведок ниту експерт за да седам тука

Оставете нѐ да си ја работиме работата, порача државниот обвинител Љубомир Јовески на собраниската Анкетна комисија. Тој остро ги искритикува членовите на оваа комисија бидејќи смета дека тие водат паралелна истрага. Посочи дека се крши Уставот и неколку закони. Обвинителството е во клучна фаза на постапката, па рече дека не може да дава детали за постапката.„Јас сум повикан во својство на сведок/експерт. Да бидам искрен, кога ја примив поканата мислев дека е грешка. Но следејќи ја работата на о

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања