Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Братот на жената која е најдена мртва со ќерката: Со години беше пријавувано семејно насилство, закани, обид за убиство, потфрли системот!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryssn132b16i0ffHqzKPr

Во трагедија во скопско Тафталиџе се пронајдени мртви жена и нејзината шестгодишна ќерка. Полицијата до доцна вечер врши увид, а нема официјални информации од МВР и Обвинителството. Александар Стојаноски, брат на жената и вујко на детето, јавно обвини дека институциите потфрлиле и дека имало години пријавувано семејно насилство, закани и обид за убиство без соодветна реакција. Тој бара јавен и медиумски фокус и истрајување на правдата.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска се случи трагедија во која згаснаа два млади животи. Братот на жената, односно вујко на шестгодишното дете, Александар Стојаноски, преку јавна објава се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле. Тој посочува дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.

— реклама —

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем ... После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

— реклама —

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!

— реклама —

Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!

Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече - вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто ... вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам

Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!“, напиша Стојаноски.

Трагедијата се случи во скопско Тафталиџе, каде жената е најдена мртва заедно со својата ќерка. Полицијата до доцна вечерва прави увид.

„Скопје1“ уште попладнево побара официјални информации од МВР за тоа дали кај нив се регистрирани пријави за семејно насилство и досега немаме одговор на прашањата бидејќи службениците биле на терен. Одговор нема ниту од скопското Обвинителство, а обвинителката била на терен до доцна вечерва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

1-paris-najposakuvana-destinacija-na-turistite-www.kafepauza.mk_

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

Свет | пред 5 месеци

chatGPT

Тинејџер од САД починал откако ChatGPT му дал упатства за самоубиство

Свет | пред 6 месеци

helsinki

Трагичен инцидент во Хелсинки – пратеник се самоуби во парламентот во Финска

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања