Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Бразил со 4:0 ја совлада Индија, Лино двапати стрелаше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-librarypiitt2fhl35s6GsaO2j
Facebook/FIFA

Бразилската фудбалска репрезентација со убедливи 4:0 ја совлада Индија во пријателски натпревар одигран на стадионот „Солт Лејк“ во Калкута.

За петкратниот светски шампион погодија Естевао и Педро во првото полувреме, додека Самуел Лино во продолжението двапати ја затресе мрежата на домашната селекција.

Бразил очекувано ја контролираше топката, но натпреварот го започна во бавен ритам. Тимот на Карло Анчелоти долго не успеваше да најде простор низ густо поставената одбрана на Индија, која повремено се обидуваше да се закани преку контранапади.

— реклама —

Отпорот на домаќините беше скршен во 27. минута. Естевао ја прими топката на десната страна, тргна кон средината и силно шутираше од далечина. Голманот Гурприт Синг Санду лошо реагираше и дозволи топката да му помине под телото за водство на Бразил.

Педро можеше да ја удвои предноста во 35. минута, кога по центаршутот на Габриел Бонтемпо со глава ја погоди стативата.

Напаѓачот на Фламенго сепак се поправи шест минути подоцна. Естевао му испрати одлична топка низ одбраната, Педро излезе сам пред голот и со прецизен удар по земја зголеми на 2:0.

— реклама —

Бразил на полувремето замина со два гола предност, а Естевао беше еден од најзабележителните играчи во првите 45 минути – постигна гол и асистираше.

Анчелоти во вториот дел реши да им даде шанса на речиси сите расположливи фудбалери. Селекторот на Бразил направи дури 10 измени, па од почетниот состав до 67. минута на теренот остана само голманот Педро Мориско.

Еден од резервистите максимално ја искористи укажаната можност. Самуел Лино, кој го замени Винисиус Жуниор, во 57. минута го постигна третиот гол за Бразил.

Даглас Луиз ја искористи грешката на домашната одбрана и ја одзеде топката, Педро со пета го проигра Лино, кој прецизно погоди во далечниот агол.

— реклама —

Индија во второто полувреме успеа неколкупати да се закани, но дебитантот Мориско со сигурни интервенции ја сочува својата мрежа.

Конечните 4:0 ги постави Лино во четвртата минута од судиското продолжение, со што ја комплетираше одличната партија и стана единствениот двоен стрелец на натпреварот.

Бразил така оствари убедлива победа, иако не одигра блескав натпревар. „Селесао“ доминираше против Индија, но во голем дел од средбата играше во бавен ритам, а до головите доаѓаше главно по индивидуални потези и грешки на противникот.

— реклама —

За Анчелоти натпреварот пред сè беше можност да ги провери фудбалерите кои имаа помала минутажа во претходните средби. Меѓу нив најмногу се истакнаа Естевао, Педро и Самуел Лино.

Бразил со овој натпревар го заврши репрезентативниот период, во кој претходно одигра 1:1 против Австралија, а потоа славеше со 4:2.

Следните проверки „Селесао“ ќе ги има на 14 и 17 ноември, против Јапонија и Сингапур.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1d6q3qgj64034FgBULr

(Видео) Градоначалник затекнал двајца лекари во заклучена просторија додека чекалницата била преполна со пациенти – инцидент во болница во Бразил

Свет | пред 3 дена

— реклама —
zmija-1

Место каде што владеат отровни змии: Островот во Бразил е строго затворен за туристи

Свет | пред 6 дена

gradinka-2

Држел 13 деца како заложници во градинка во Бразил, полицијата го убила по двочасовни преговори

Свет | пред 1 месец

media-libraryjiapoegukcvk89gRilR

Се маскирал во жена и бегал низ шума: Уапсен Бразилец осомничен за 16 убиства

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања