Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Олујни ветрови уништија илјадници домови во Бразил: Градоначалникот вели дека градот е разорен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Свет
media-libraryl4oenc46oqa330Tja2A
фото: screenshot Reuters

Најмалку пет лица загинаа, а 246 се повредени во силното невреме што ја погоди бразилската сојузна држава Рио Гранде до Сул. Повеќе од 20.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, соопшти Цивилната заштита.

Невремето зафатило 36 општини, а според последниот биланс, последиците ги почувствувале вкупно 24.673 лица. Оштетени се повеќе од 8.500 станбени објекти, а најголема штета претрпел градот Тупансирета, пренесува бразилската телевизија „Глобо“.

— реклама —

Во овој град биле регистрирани налети на ветер со брзина до 114 километри на час. Градоначалникот Густаво Хертер Тера изјавил дека невремето практично го уништило градот.

„Го уништи градот. Имаме 8.600 куќи, а мислам дека околу 8.000 се уништени, останале без покриви или се урнати“, изјавил тој.

— реклама —

Според анализата на Центарот за следење на Цивилната заштита, невремето било предизвикано од таканаречена суперќелијна бура, со показатели за можна појава на микропровала – исклучително силни надолни воздушни струења.

— реклама —

Цивилната заштита соопштила дека засега нема потврда оти во Тупансирета се појавило торнадо, но дека таа можност не е целосно исклучена.

Во невремето биле оштетени 8.175 покриви, додека 468 куќи претрпеле други оштетувања. Еден станбен објект бил целосно уништен. Штета е регистрирана и на училишта, здравствени установи и други јавни објекти.

— реклама —

Меѓу најтешко погодените подрачја, покрај Тупансирета, се и Сао Домингос до Сул, Лагоа Вермела, Јари и Бом Принсипио.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

bolsonaro

Болсонаро на интензивна нега: Лекарите открија каква е неговата состојба

Свет | пред 44 минути

— реклама —
media-library1d6q3qgj64034FgBULr

(Видео) Градоначалник затекнал двајца лекари во заклучена просторија додека чекалницата била преполна со пациенти – инцидент во болница во Бразил

Свет | пред 1 седмица

zmija-1

Место каде што владеат отровни змии: Островот во Бразил е строго затворен за туристи

Свет | пред 2 седмици

gradinka-2

Држел 13 деца како заложници во градинка во Бразил, полицијата го убила по двочасовни преговори

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања