Промени тема
Контакт

Држел 13 деца како заложници во градинка во Бразил, полицијата го убила по двочасовни преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
gradinka-2

Бразилската полиција убила маж кој вооружен со нож упаднал во предучилишна установа во градот Куритиба, на југот на земјата, и држел 13 деца како заложници. До интервенцијата дошло по повеќе од два часа обиди за преговори, соопштиле локалните власти.

Инцидентот се случил во петокот попладне во населбата Сао Браз, а мажот бил убиен околу 18:20 часот по локално време, соопштил Секретаријатот за јавна безбедност на бразилската сојузна држава Парана, пренесува бразилскиот портал G1.

— реклама —

Децата биле спасени, а според соопштението на воената полиција, ниту едно од нив не се здобило со потешки повреди.

Во соопштението се наведува дека мажот истурил запалива течност во просторијата во која се наоѓал со децата и имал намера да ја запали.

— реклама —

Областа околу установата била блокирана за време на интервенцијата, а припадниците на специјалниот полициски баталјон за операции (BOPE) се обидувале да преговараат со осомничениот.

Во акцијата учествувал и полициски хеликоптер.

— реклама —

Децата што се наоѓале во другите простории на установата успеале да излезат пред да заврши инцидентот, соопштила воената полиција.

Засега не е познато дали осомничениот бил во роднинска врска со некое од децата што ја посетувале установата.

Градските служби во Куритиба им пружиле помош на семејствата на децата, а биле ангажирани и психолози.

Родителите на учениците од блиското училиште биле повикани да ги преземат децата и да го евакуираат објектот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypiitt2fhl35s6GsaO2j

Бразил со 4:0 ја совлада Индија, Лино двапати стрелаше

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjiapoegukcvk89gRilR

Се маскирал во жена и бегал низ шума: Уапсен Бразилец осомничен за 16 убиства

Свет | пред 3 седмици

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Сериски убиец уапсен во Бразил, на полицијата ѝ рекол дека убил околу 80 луѓе

Свет | пред 3 седмици

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

САД воведуваат царини од 25 отсто за поголем дел од увозот од Бразил

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања