Од СДСМ брифираат дека водат во Владандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово. Оттаму се брифира дека во прв круг очекуваат победа во Струмица, Ресен, Крушево, Бутел.
Од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кажа каде резултатите засега покажуваат дека водат во прв круг и каде имаат резултати.
„Потврдивме дека имаме градоначалници во Јагуновце, Могила, Градско, Сопиште, Петровец. Последните информации дека и во Виница е потврдена победата. Водиме во скоро сите скопски општини, Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба, има водство и во Бутел. Се зборува за големо водство во Прилеп“, рече Лефков.
Ова се неофицијални првични информации.