Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Брисел планира царини и квоти за кинеската стока од 2027 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV
unsplash / Markus Spiske

Европската Унија разгледува воведување нови ограничувања за увозот на производи од Кина, со цел да го намали трговскиот дефицит и да ја заштити европската индустрија. Мерките би можеле да стапат во сила на почетокот на 2027 година и да опфатат сектори како хемиската индустрија, мебелот и машините.

— реклама —

Според „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со плановите, Европската комисија би можела да ги претстави предлозите во првото тримесечје од 2027 година.

— реклама —

Меѓу разгледуваните можности се количински ограничувања на увозот и царински квоти, според кои дополнителни царини би се наплаќале за производите увезени над утврдениот обем.

Целта е да се ограничи приливот на кинеска стока и да се намали трговскиот дефицит на ЕУ со Кина, кој минатата година достигнал 360 милијарди евра.

— реклама —

Европските производители предупредуваат дека зголемениот увоз ја загрозува домашната индустрија и работните места. Дополнителен проблем претставува и ограничениот пристап на европските компании до кинескиот пазар.

— реклама —

Плановите сè уште не се конечни, а секторите што ќе бидат опфатени и конкретниот облик на мерките може да претрпат измени во текот на консултациите со земјите членки и Кина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ursula

ЕУ одобри речиси осум милијарди евра помош за Украина

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryl26uegu4mlod1EX7wLW

ЕУ одобри рекордни 7,9 милијарди евра помош за Украина по спроведените реформи

Свет | пред 11 час

media-library851tjhhenkmca40ntaI

Калас сака да ја претставува ЕУ во преговорите за Украина: Русите не ме сакаат на преговарачката маса

Свет | пред 3 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања