Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Британка почина на Бахамите обидувајќи се да ги спаси своите два сина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryi364aregvfvl7GZxgOB
Photo by Allen Dewberry Jr on Unsplash

36-годишна Британка починала на Бахамите, обидувајќи се да ги спаси своите два сина, кои силна морска струја ги одвлекла додека нуркале со маски и цевки за дишење.

— реклама —

Според Кралската полиција на Бахамите, жената нуркала со сопругот и двете деца во близина на јужниот дел на островот Бимини, кога морската струја ги одвлекла момчињата. Таа се обидела да ги спаси, но струјата ја повлекла и неа. Децата подоцна биле спасени од морето.

— реклама —

Жената била извлечена од водата и пренесена до пристаништето за траекти во Северен Бимини, каде што ѝ била укажана прва помош. Потоа била однесена во локална клиника, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.

— реклама —

Полицијата соопшти дека засега нема сомневања за кривично дело. Ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

— реклама —

Од британското Министерство за надворешни работи изразија сочувство до семејството и соопштија дека се во контакт со локалните власти и му даваат поддршка на семејството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library890se3ls4vrr1cuewPo

Ајкула нападнала 37-годишна Австријка додека пливала со делфини на Бахамите

Свет | пред 1 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања