Промени тема
Контакт

Британска воена вежба заврши кобно: Загинаа тројца припадници на морнарицата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarymfje7sehq6t87Nz6zHe
Фото: X

Тројца припадници на британската Кралска морнарица загинаа при пад на воен хеликоптер за време на воена вежба во округот Девон, на југозападот од Англија. Несреќата се случила рано утринава во близина на Окехемптон, кога се урнал хеликоптер од типот „Мерлин Мк4“, по што била прогласена голема вонредна состојба.

— реклама —

Кралската морнарица ја потврди трагичната загуба, наведувајќи дека семејствата на загинатите се известени и побарале приватност. Британскиот премиер Кир Стармер несреќата ја оцени како „апсолутно трагична“, изразувајќи сочувство до семејствата и блиските на загинатите.

— реклама —

Командантот на морнарицата, генерал Сер Гвин Џенкинс, изјави дека веста претставува голем шок за целата поморска заедница. Тој потврди дека станува збор за хеликоптер „Мерлин Мк4“, кој е стациониран во воздухопловната база Јеовилтон во Сомерсет.

Според сведоци, непосредно пред падот од леталото се слушале звуци што укажувале на можен механички дефект. Остатоците од хеликоптерот се пронајдени на поле во близина на местото на несреќата.

— реклама —

Хеликоптерите „Мерлин Мк4“ се користат од Кралските маринци и се во служба на британската морнарица од 1999 година. Ова не е прва несреќа со овој тип летало. Во 2024 година еден „Мерлин Мк4“ се урна во Ла Манш за време на воена вежба, при што загина пилот.

— реклама —

Полицијата, воздухопловните власти и Кралската морнарица започнаа истрага за утврдување на причините за несреќата, додека дел од локалните патишта во регионот беа привремено затворени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysif82d9m6m5h6XIJr9q

(Видео) Во Велика Британија работник со хокеарска палка се одбрани од разбојник со мачета

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarydeovc8fn0ah85BKsrRr

Петмина уапсени под сомнение за тероризам во американска воздухопловна база во Британија

Свет | пред 6 дена

media-library3cug5ap9b9p1btNQd79

Сепаратистите од Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружија: „Нашите нации имаат право на самоопределување“

Свет | пред 2 седмици

media-library18is0v5m70uvdiDcyVe

Речиси 500 мигранти за еден ден пристигнаа во Британија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања