Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Британското воено воздухопловство ги засолнува авионите во хангарите поради закана од дронови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
avioni

Британското кралско воено воздухопловство (РАФ) почнало да ги преместува авионите во хангарите во текот на ноќта, како мерка за заштита од можни напади со беспилотни летала. Според британските медиуми „Тајмс“ и „Скај њуз“, планот предвидува и поставување заштитни мрежи над авионите што ќе останат на отворено.

— реклама —

Британското Министерство за одбрана засега не ги коментирало овие информации, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Одлуката следува еден ден по предупредувањата на британското Министерство за одбрана и разузнавачката служба МИ5 за зголемена опасност од руски саботажи. Во изминатиот период биле забележани и неколку инциденти во британски воени бази за кои се испитува можна поврзаност со Иран.

На почетокот на месецов, американските воени сили регистрирале „сомнителна и неовластена активност на дронови“ во базата РАФ Лејкенхит, само неколку дена откако таму биле префрлени американски авиони-танкери.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец изјави дека закана поврзана со Иран била причина за повлекување на американските бомбардери Б-1 од базата РАФ Ферфорд. Според него, одлуката била донесена по инцидент во септември, кога во близина на базата биле уапсени петмина мажи поради сомнителни активности.

— реклама —

Тогашните власти соопштија дека случајот би можел да има поврзаност со Иран. Во меѓувреме, беше објавено дека на двајца обвинети за инцидентот во американската база во Британија ќе им се суди следната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

struja-4

Британците ќе плаќаат 70 отсто поскапа струја од просекот во ЕУ

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library6vd14bsc07gbeKfgW3k

Милиони британски домаќинства ќе добијат по 100 фунти за сметките за струја

Свет | пред 3 седмици

media-library546hq6oso3h8eki0aa4

Британски министер предупредува: Не смееме да им ја оставиме вештачката интелигенција на олигарсите

Свет | пред 1 месец

media-library62ffift6ugjo6txvDfG

Британците уапсија двајца осомничени за планирање напад врз американска база – се сомневаат во вмешаност на Иран

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања