Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Британскиот премиер: Постојат реални шанси за примирје меѓу Русија и Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
275006166_3020865321497157_177086761671171226_n

Британскиот премиер Кеир Стармер изјави дека постои „реална можност“ за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, во пресрет на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, која ќе се одржи утре.

— реклама —

Денешната средба меѓу британскиот и украинскиот лидер, во резиденцијата на премиерот, е внимателно координиран гест на поддршка од Обединетото Кралство за Украина, закажан само 24 часа пред самитот на Алјаска, пишува BBC.

— реклама —

По вчерашниот заеднички разговор со други европски лидери, Зеленски и Трамп, Стармер нагласи дека мора да се заштити „територијалниот интегритет“ на Украина и дека меѓународните граници „не смеат да се менуваат со сила“.

Тој додаде дека „секое примирје мора да биде трајно, а за да биде трајно мора да постојат безбедносни гаранции“, објаснувајќи: „Затоа и ја основавме оваа коалиција на волни.“

— реклама —

Оваа коалиција, потсетува BBC, е група главно европски земји кои се обврзаа да ѝ даваат воена поддршка на Украина – вклучувајќи и можност за испраќање војници на терен – за да се спречи Русија да прекрши било кој постигнат мировен договор.

Стармер истакна дека коалицијата веќе има „веродостојни“ воени планови подготвени за спроведување во случај на прекин на огнот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 1 ден

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 2 дена

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања