Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

„Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува, напротив студентите ќе добијат реновирани домови и мотивирачки стипендии“, вели Конески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library611d66v366t2bg9nU3D

Членот на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески на денешната прес-конференција порача дека бројот на студентски стипендии не се намалува, ниту се зголемува партиципацијата во студентските домови, обвинувајќи го СДСМ за манипулации и ширење невистини.

Според Конески, бројот на стипендиите не е дел од измените на Законот за студентски стандард, туку се утврдува секоја година согласно Буџетот и потребите на државата.

Тој истакна дека со законските измени се овозможува подобра распределба на стипендиите, со фокус на успехот на студентите, стратешките области и потребите на пазарот на трудот.

— реклама —

„Стипендиите кои се доделуваа досега беа конфузни и со ист месечен износ, без јасна разлика меѓу оние за висок просек и мотивирачките стипендии за стратешки области“, рече Конески.

— реклама —

Во однос на студентското сместување, тој посочи дека во предлог-законот никаде не е наведено колкава ќе биде партиципацијата, нагласувајќи дека и таа се утврдува на годишно ниво преку посебна програма.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Министерството подготвува ново законско решение со кое државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали финансискиот товар врз студентите.

— реклама —

Конески најави и дека летово ќе започне реконструкција на сите студентски домови, кои по завршувањето треба да станат енергетски ефикасни и опремени со современи услови за престој и учење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3dhdkc7vn2ml92rJOWV

Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryap444kkrkdcv9hED4QK

„Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините, се прави се за младите да останат во Македонија“, вели Конески

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања