Промени тема
Контакт

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела надмина 3.300

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L
screenshot X

Билансот на жртви од двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела пред околу една и пол седмица продолжува да расте. Според најновите официјални податоци, животот го загубиле 3.342 лица.

— реклама —

Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригес, соопшти дека најмалку 16.740 лица се повредени, додека повеќе од 17.000 жители останале без своите домови.

— реклама —

Разорните потреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија земјата на 24 јуни, по што следуваа бројни последователни земјотреси. Најтешко погодена е крајбрежната држава Ла Гваира.

— реклама —

Спасувачките екипи, потпомогнати од меѓународни тимови, и понатаму ги пребаруваат урнатините во обид да пронајдат преживеани.

— реклама —

Според информациите на властите, целосно се уништени 190 објекти, а уште најмалку 856 згради претрпеле сериозни оштетувања, меѓу кои има и неколку болници. Дополнително, уништени или оштетени се мостови и патишта, што значително ја отежнува испораката на хуманитарна помош и текот на спасувачките операции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Расте бројот на жртвите во Венецуела: Потврдени 6.509 загинати

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 1 месец

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 месец

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања