Промени тема
Контакт

Расте бројот на жртвите во Венецуела: Потврдени 6.509 загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5
screenshot X

Бројот на жртвите од разорните земјотреси што ја погодија Венецуела продолжува да расте. Според најновите официјални податоци, потврдени се уште 71 смртен случај, со што вкупниот број на загинати достигна 6.509 лица.

Податоците се објавени во најновиот билтен на венецуелскиот План за обнова, според кој илјадници луѓе и понатаму се наоѓаат во болниците, додека продолжуваат проценките на оштетените објекти и расчистувањето на урнатините.

Бројот на лица кои се лекуваат во болничката мрежа достигнал 226.696, додека бројот на спасени останува 6.462.

— реклама —

Во рамките на проценката на штетите досега биле проверени 60.785 објекти. Од нив, 35.545 се оценети како безбедни за живеење, 14.239 се во категоријата на ограничена употреба и им е потребна поправка, додека 11.001 објект се означени како високоризични.

— реклама —

Венецуелските власти досега им предале клучеви од 335 домови на семејства погодени од земјотресите.

Паралелно со проценката на штетите, продолжува и расчистувањето на погодените подрачја. Работните екипи и тешката механизација досега собрале повеќе од 600.790 тони отпад, што претставува 28,61 отсто од проценетата количина за оваа фаза од операцијата.

— реклама —

Разорните земјотреси ја погодија Венецуела на 24 јуни, кога северозападниот и централниот дел од земјата беа погодени од два силни потреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени. Првиот земјотрес се случил во 18:04 часот по локално време, а вториот само 39 секунди подоцна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 месец

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 1 месец

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Над 5.000 жртви во разорните земјотреси во Венецуела

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања