Промени тема
Контакт

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L
screenshot X

Повеќе од два месеца по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројот на загинати достигна 6.125, соопшти претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригез.

Според официјалните податоци, речиси 61.000 лица добиле медицинска помош во болниците. Родригез информираше и дека досега се расчистени околу 16,5 проценти од урнатините што останаа по катастрофата.

— реклама —
— реклама —

Во меѓувреме, привремената претседателка Делси Родригез ја бранеше реакцијата на властите, отфрлајќи ги критиките дека спасувачките служби и војската реагирале предоцна и не обезбедиле навремена помош за настраданите, вклучително и за лицата кои останале затрупани под урнатините.

— реклама —

Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од само 39 секунди. Најтешко беше погодена северната држава Ла Гваира, каде што стотици објекти беа оштетени, а голем дел од нив станаа небезбедни за живеење или целосно се урнаа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Расте бројот на жртвите во Венецуела: Потврдени 6.509 загинати

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 3 седмици

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 месец

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Над 5.000 жртви во разорните земјотреси во Венецуела

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања