Промени тема
Контакт

Бронза за македонската теквондистка и олимпијка Милијана Рељиќ на Г-1 Опен во Тирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryshdfl6sialvv16q9weL

Македонската теквондистка и олимпијка Милијана Мила Рељиќ освои бронзен медал на турнирот Албанија Г-1 Опен во Тирана.

— реклама —

Рељиќ во првото коло беше слободна, а во следната борба ја совлада Леонарда Андриќ од Канада со 2:1 во рунди.

— реклама —

Во борбата за медал, Мила се соочи со Елена Лена Торес од Шпанија. Во исклучително израмнета борба, македонската натпреварувачка славеше со 2:1 во рунди, откако последната рунда ја доби со минимални 10:9 поени.

— реклама —

Во полуфиналето Рељиќ беше поразена од Хатиџе Пинар Јигиталп од Турција. Турската теквондистка славеше во двете рунди со резултат 4:2 поени, со што Мила го заврши настапот со бронзен медал.

— реклама —

Со освоениот медал, Рељиќ добива нови 3,60 поени за светската и олимписката ранг-листа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања