БРТ е несоодветен за Скопје од просторни причини, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
image-146319

БРТ на Шилегов ќе го загрозеше водоснабдувањето на Скопје и можеше да предизвика сериозна хаварија, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Претходната администрација на Град Скопје и Шилегов не реализира многу проекти а БРТ е несоодветен за Скопје. Системот на БРТ како што Шилегов го проектираше е несоодветен за Скопје од просторни причини.

— реклама —

Внатрепартиските пресметки во СДСМ да не се одвиваат на грбот на Данела и скопјани.

— реклама —

Според сите анализите изготвени, и изработениот идеен проект се укажува на бројни недостатоци и ризици врз животната средина но и врз квалитетот на живот кој ќе се наруши, ризици кои Градот не смее да ги дозволи во интерес на граѓаните.

За БРТ се нотира и дека на дел од маршутата на БРТ се наѓаат и тунели, за кои се стравува дека не би можеле структурно да ги издржат дополнителните градежни дејствија, но и зголемениот сообраќај.

БРТ требаше да поминува по централното зеленило во на булеварот Партизански одреди, под кое се наоѓа централната цевка за снабдување со вода на градот, врз која нема извршено никакви зафати за дополнително зајакнување и пристап. Имено доколку истата се зајакнува со дополнителни прегради тоа ќе чини дополнителни 20-тина милиони евра кои не се предвидени во проектот на Шилегов, но и ќе имаше потреба од регулирање на пристап до истата во случај на дефект, што исто така не е регулирано со проектот на Шилегов.

При најмал дефект трасата на БРТ ќе треба да биде вон сообраќај. А при поголем дефект може да се доведе нормалното функционирање на Скопје во прашање.

Дополнително Шилегов немаше предвидено нов мост над Вардар од Карпош кон Влае, бидејќи постоечкиот нема простор за БРТ системот, тоа се нови потреби за кои не се предвидени пари.

Првичниот проект кој според Шилегов и СДСМ треба да чини 70 милиони, може многу лесно да не може да се заврши ниту со двојно повеќе пари, затоа што е правен нестручно и без да се земат во предвид бројни пропратни проблематики.

Скопје има потреба од трајни обмислени решенија, а не аматеризам како што правеше СДСМ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања