Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Брутално претепан црногорски политичар, му ја скршиле вилицата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Советникот на коалицијата „За иднината на Подгорица“ и функционер на Обединета Црна Гора, Миливоје Брковиќ, е тешко повреден откако бил брутално претепан во Подгорица.

— реклама —

Според црногорските медиуми, во нападот му била скршена вилицата со метален предмет, а поради сериозноста на повредите бил хоспитализиран и го очекува хируршка интервенција.

Случајот е пријавен во полицијата, која работи на негово расчистување.

— реклама —

Брковиќ за локалните медиуми изјавил дека инцидентот се случил на Булеварот на револуцијата околу полноќ. Според неговото сведочење, забележал две возила кои се движеле паралелно и го блокирале коловозот, по што едното возило застанало на проширување покрај патот.

— реклама —

Тој тврди дека во автомобилот имало жена која ја познавал од претходно како политички активист и дека таа побарала помош, тврдејќи дека е следена од лица во друго возило.

„Кога излегов од автомобилот, едно од лицата ме препозна и веднаш потоа добив удар со тврд предмет во пределот на брадата. Паднав и ја изгубив свеста, а нападот продолжи со удари по главата“, изјавил Брковиќ.

— реклама —

Според медиумските информации, во нападот учествувало лице од Подгорица кое им е познато на безбедносните служби. Засега не се соопштени повеќе детали за мотивите и за евентуалните мерки што ќе бидат преземени против осомничените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Пленковиќ со ултиматум до Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

(Видео) Пожар во Сараево зафати неколку железнички вагони

Свет | пред 4 дена

media-librarygbuvuiv203t88ECHaBn

Црна Гора ја забрзува европската интеграција, затворени уште две преговарачки поглавја

Балкан | пред 6 дена

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора би можела да го потпише договорот за членство во ЕУ во јуни 2027 година

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања