Промени тема
Контакт

Брзата одлука на директор во Непал спаси 900 ученици од смртоносните поплави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarya355pbm5mqska1QEYOF

Брзата одлука на директорот на едно училиште во Непал да ги евакуира учениците веројатно спасила околу 900 животи во разорните поплави што ја погодија земјата.

— реклама —

Раџендра Давади, директор на средното училиште „Трибхуван Тришули“ во Нувакот, за Би-Би-Си раскажал дека во рок од само неколку минути добил четири предупредувања за опасност од поплави. Откако дознал дека надојдената вода веќе го поплавила подрачјето Бетравати, решил веднаш да ги евакуира учениците на повисоко и побезбедно место.

— реклама —

Училиштето има повеќе од 1.600 ученици, а околу 900 од нив тој ден биле евакуирани пред водата да стигне до објектите во близина.

„Да ја донесевме одлуката 10 минути подоцна, никој од нас, вклучително и учениците и јас, немаше да може да разговара со вас денес“, изјавил Давади.

— реклама —

Една од ученичките раскажала дека таа и нејзините пријатели преживеале за само неколку секунди, додека гледале како поплавата го однесла блискиот пазар.

Во катастрофалните поплави во Непал досега загинале најмалку 794 лица, додека повеќе од 2.500 се водат како исчезнати. Во Тибет, според кинеските државни медиуми, загинале 16 лица, а 546 се водат како исчезнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfguih0qnmja2fABX3tV

(Видео) Поројна поплава во Непал уништи мостови, куќи и градилишта на хидроцентрали. Се трага по пет исчезнати лица, евакуирани 95 луѓе

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoekv449903i0bsMKf1i

(Видео) Страшна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, најмалку 10 лица се водат како исчезнати

Свет | пред 2 дена

media-library33dcste06kr6cIVKypC

(Видео) Најмалку 62 загинати во поплавите во Индија, илјадници евакуирани

Свет | пред 2 седмици

media-librarycigf5u74nct67j6o2bn

(Видео) Поројни дождови и бури во Индија и Непал: Најмалку 19 загинати, 10 исчезнати

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања