Промени тема
Контакт

Бучковски доби „тупаница“ од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
buckoski

„Бучковски зборува за неизвесност, додека Владата е сигурна дека само што не сме добиле датум за преговори. Бучковски со истиот наратив како Заев пред две години, се обидува да внесе несигурност кај јавноста и граѓаните најавувајќи неизвесност за државата, која исто како и соседна Бугарија е членка на НАТО. За каква „неизвесност“ збори Бучковски кога неговиот лидер уште во 2019 година говореше дека ги решил сите прашања со соседите па го потпишаа договорот со Бугарија? Исто и тогаш кога го потпишаа договорот со Бугарија се тврдеше дека сега е моментот, немаме време за чекање, мора да се договориме со Бугарија, само што не сме добиле датум за преговори. После толку лажни датуми за преговори и неуспехот од преговорите со Бугарија на специјалниот миленик на Заев, Бучковски сега го брани лидерот кој му го продолжи мандатот за плус 12.000 евра хонорар годишно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Бучковски со своите ставови само што призна дека Заев е најслаба карика, а бранејќи го лидерот „без кој не се може“ го потврди потфрлањето и огромниот неуспех кој оваа Влада го има на меѓународен план, особено во преговорите со Бугарија. Останувањето на Заев, оваа влада и специјалните хонорарци како Бучковски на власт носи несигурност за функционирањето на државата воопшто. Бучковски може да се пофали само со доброто конто и заштита на бизнисите кои Заеви ги имаат во Бугарија, а на штета на националните интереси. Оваа влада на чело со Заев нуди само минато и штетни договори, со оваа влада на СДСМ нема никаква иднина и просперитет за македонскиот народ“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања