Бучковски не губи надеж, предвидува што ќе биде со спорот со Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
buckoski

Во следните месеци Бугарија ќе ја тргне блокадата за почеток на преговори за членство на земјава во ЕУ, уверен е специјалниот претставник на Владата во спорот со Бугарија – Владо Бучковски.

— реклама —

„Во 2021 година цели 8 месеци Бугарија немаше редовна влада. Во земјата имаше три пати парламентарни и еднаш претседателски избори. Тоа сериозно влијаеше врз нашите напори да изнајдеме заемно прифатливо решение и да биде отстранета блокадата на нашиот пат за ЕУ“, изјави Бучковски за бугарската БГНЕС. Сепак, оценува Бучковски, и покрај „сите тие непредвидливи околности“, постигнат е напредок во градењето на довербата меѓу двете земји. „Временската рамка за овие работни групи, кои ќе бидат исполнети со интензивни состаноци, може да се скрати. Во тоа сум убеден, но ситуацијата ќе биде појасна по средбата на новиот македонски премиер Димитар Ковачевски со неговиот бугарски колега Кирил Петков, која е закажана за средината на јануари“, вели Бучковски.

— реклама —

„Во 2022 година очекувам да постигнеме заемно прифатливо решение со Бугарија. Решение кое ќе биде базирано на заемно почитување и ќе биде издржано. Бугарската блокада ќе биде крената. Започнувањето на преговори со ЕУ најпосле ќе биде реалност“, вели Бучковски.

— реклама —

Тој ја коментираше и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, според кого новиот бугарски премиер Кирил Петков не е храбар политичар. Бучковски не се согласува: „Не ја прифаќам позицијата на Мицкоски. Петков зборува за заемно прифатливо решение, а не за наложено решение. Петков вели дека треба да се почитуваат и македонските црвени линии“, коментира специјалниот претставник на Владата во спорот со Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања