Бучковски: Промените што ги ветија Петков и Василев се позитивно прифатени во Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
buckoski

Специјалниот пратеник на Република Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучковски, изрази уверување дека коалициските разговори во Бугарија ќе доведат до формирање влада која ќе почне да работи на решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје.

— реклама —

„Верувам дека промените што ги ветија тандемот Петков и Василев имаат сериозно позитивно влијание врз македонската јавност. Довербата е скршена меѓу нас, како што велите вие, и ни треба силна верба дека можеме да постигнеме решение“, изјави тој за БНР, мислејќи на лидерите на „Промената продолжува“.

— реклама —

Бучковски го коментираше и претстојниот состанок на Европскиот совет во декември: „Има проблеми на маса, мора да се бара компромис. Убеден сум дека можеме да го постигнеме тоа. Колку брзо? Тоа е прашањето на кое немам одговор во моментов“.

— реклама —

Целото интервју за БНР со Бучковски во Бугарија ќе се емитува попладнево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања