„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бугарија до македонските пратеници со бугарски пасош: Ќе ви ги одземеме пасошите на тие што ќе гласате против уставни промени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
5766496

Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот Културен Клуб – Скопје (БККС) во врска со утрешното гласање во македонскиот парламент за уставните промени со што ќе се промени уставното име на Република Македонија, со што и се дава можност на Македонија да ја започне процедурата за присоединување со ЕУ и НАТО, на својот профил на фејсбук го напиша следниов статус.

— реклама —

Подземните игри на некои политички кругови во Софија никако да престанат. Истурањето вода под Македонската рогозина може и ним да им го натопи задникот, но тие не покажуваат грижа за тоа. Коктериањето со про-руските протежеа на Македонскиот претседател, не е само чекор против Македонија, тоа е и чин на предавство спрема Бугарија и нејзините национални интереси. Играњето во полза на каузата, Македонија да остане во моменталната состојба, го следиме со големо внимание. Немојте да мислите дека немаме информации. И немојте кон нас да се однесувате како макеа, преземете си ја улогата на мајка, ама сосема сериозно. Овој момент нема повеќе да има репризи. Одговорноста е и ваша. Поразот ќе биде и ваш, ако се случи, порачува тој.

Затоа, преземете си ја улогата која ви доликува и удрете ги по рамо вашите скопски пријатели од македонскиот парламент, специјално од ДПМНЕ, утре да си ја завршат работата во полза и ЗА Македонија, специјално тие со бугарско државјанство. Во случај да бидат ПРОТИВ, бараме од вас да подигнете процедура за одземање на истот. Не може некој да ги користи благодетите на Европа преку бугарско државјанство, а да работи против интересите на Македонија да дојде до тие бенефити.

— реклама —

И сосема на крајот, колку и да мисли некој дека е некултурно , ние си кажуваме, доаѓаат и вашите избори и тогаш можеби нашиот глас нема да тежи многу, но нашата дума секако!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања