Промени тема
Контакт

Бугарија ја интензивира асимилацијата на македонското малцинство во Албанија, Владата и МНР молчат, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
274028959_512860360197033_7591140956919286330_n

Негирањето на македонското малцинство во Бугарија и барањето за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, како „конститутивен“ народ, од страна на источниот сосед е само отварање на пандорината кутија по ова прашање, велат од Левица.

„Идентично како од крајот на XIX и почетокот на XX век, Бугарија повторно го користи јазикот како најмоќно оружје за асимилација на Македонците! Овој пат во Албанија.

— реклама —

Имено, бугарската фондација „Македонија“ и нивниот координатор за Албанија, Арнолд Мурати, најавија отпочнување на курс по бугарски книжевен јазик и литература за „бугарското малцинство“ во Албанија. Ваквата политика наведува на тоа дека Бугарија се обидува и македонскиот етникум во Албанија да го претстави како свој, а токму преку оваа програма прави обид да вклучи колку може повеќе Македонци и истите да ги претстави како свое малцинство.

— реклама —

Постои реална опасност во догледно време Бугарија од Македонија да побара сопственото малцинство во Албанија да го признае како бугарско, истото барање да се претвори во предмет на преговарачката маса и истото да биде причина повеќе за вето.

— реклама —

Покрај нужноста од заштита на македонското малцинство во Бугарија, државата итно мора да преземе конкретни мерки и за заштита на македонското малцинство во Албанија! Политика на агресивна асимилација повеќе не смее да се толерира, а решавање на овој проблем не смее да биде предоцна“, додаваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања