Бугарија може да го воведе еврото во јануари 2023, а Хрватска во 2024 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
evro

Бугарија може да го воведе еврото најрано во јануари 2023 година, според извештајот на агенцијата за рејтинг „Фич“.Според агенцијата, Бугарија би можела да се приклучи на еврозоната во почетокот на 2023 година доколку успешно ги исполни критериумите на ЕПМ II, а потоа и на пошироките критериуми за конвергенција.

— реклама —

Хрватска се очекува да го прифати еврото во јануари 2024 година, доколку ги исполни овие услови.

— реклама —

Основната цена на усвојување на еврото вклучува губење на флексибилноста на монетарната и валутната политика, заштита од макро финансиски ризици кои произлегуваат од прекумерниот прилив на капитал, заштита од сериозни дефлациони притисоци и слично.

— реклама —

Најголема придобивка од усвојувањето на еврото, соред „Фич“ ќе имаат земјите со слаби надворешни финансии, кои би можеле да имаат корист од статусот на резервна валута, земји со високи нивоа на заеми во евра и земји со фиксен курс, бидејќи нивната загуба на независната монетарна политика ќе биде минимална.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања