Бугарија одлучи да го продолжи проширување на гасоводот од Турција до Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
gazprom

Операторот со бугарскиот гасоводен систем „Блугартрансгаз“, ќе гради гасовод од границата со Турција, преку кој рускиот гас кој се транспортира преку гасоводот Турски тек ќе продолжи во Србија, соопшти компанијата додавајќи дека трошоците за проектот се проценуваат на 2,7 милијарди левови, односно околу 1,4 милијарди евра.

— реклама —

„Газпром" аплицираше за проектот за резервација на капацитетот на гасоводот за проширување на Националната газотранспортна мрежа во Бугарија, пренесоа бугарските медиуми. Компанијата зеде учество во спроведување на Фаза 3 од постапката Open Season на "Проектот за развој и проширување на системот за пренос на гас", започнат од "Булгартрансгаз" ЕАД за проширување на националната мрежа на природен гас во Бугарија од бугарско-турската до бугарско-српската граница и поднесе барање за резервација на потребниот капацитет", велат од менаџментот на компанијата.

Проектот Турски тек, кој беше покренат откако ЕУ правеше пречки околу претходниот план за Јужен тек кој требаше да испорачува руски гас во хаб во Бугарија по што Москва се повлече, вклучува изградба на два цевковода со моќност од 15,75 милијарди кубни метри секој. Првиот е наменет за снабдување со гас на турските потрошувачи, а вториот за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Планираниот почеток на функционирање на гасоводот е до крајот на 2019 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања