Вицепремиерката и министерка за економија Корнелија Нинова одби да учествува на првиот состанок на Работната група за економија, трговија и иновации меѓу Бугарија и Републикa Македонија поради средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски со претставници на забранетата ОМО Илинден.
Оваа средба предизвика остра реакција на бугарското Министерство за надворешни работи.
„Денови по успешната заедничка средба на владите на двете земји, повторно сме сведоци на зголемување на социјалните тензии предизвикани од конкретните постапки на претседателот на Северна Македонија, кои се обидуваат да ги обноват разговорите за прашања поврзани и соработка од 2017 година. Ваквите постапки не придонесуваат за изнаоѓање решенија за политички прашања во насока на забрзување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија“, се вели во ставот на МНР.
Денеска претседателот Стево Пендаровски истакна дека ќе продолжи да се среќава со претставниците на ОМО Илинден
„Морам и ќе продолжам да се среќавам со тие луѓе. Радев во повеќе наврати прими во Софија граѓани на Македонија со бугарско самочувство. Само во една таква атмосфера можеме да го надминеме овој проблем, изјави Пендаровски.