Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Бугарска болница ќе вакцинира Македонци во меѓуграничниот простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Медицинскиот центар „Комак Медикал“ на д-р Милен Врабевски со помош на повеќе бугарски министерства и Царинската агенција, започна со вакцинирање против Ковид-19 на граѓани од Македонија на граничните пунктови Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село на бугарско-македонската граница, јави дописникот на МИА во Софија.

— реклама —

Оние кои сакаат да се вакцинираат ќе можат да го сторат тоа само по претходна резервација на телефон: +359 886 800 264 (Viber) и +359 882 516 981 (Viber). Откако ќе изјават желба за вакцинирање на овие телефони, тим на „Комак Медикал“ ќе контактира со луѓето за конкретен датуми и време за вакцинирање. Кампањата започна по одобрение добиено од поранешната бугарска влада на Бојко Борисов.

Како што изјави Врабевски за МИА, граѓаните на Македонија нема да имаат потреба од ПЦР тест, бидејќи вакцинацијата ќе се врши во пограничната област на двете земји. Тој минатата среда најави дека отвора зелени коридори за вакцинација, а на пунктовите ќе се користат сите вакцини одобрени од ЕУ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања