По месец и половина откако ја започна вакцинацијата на граѓани на границата со Северна Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува работата на 31 јули, потврдил за МИА сопственикот на фирмата и лекар Милен Врабевски. Причина за одлуката, според Врабевски, е што државава обезбедила вакцини за граѓаните во различни градови во земјата. Досега сите што се вакцинирале со една доза, ќе можат втората да ја примат до 31 јули.
Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, меѓу двете држави и на жителите кои сакаа да се вакцинираат не им беа налагани ПЦР тестови за влез во Бугарија.
Врабевски, за дописникот на МИА од Софија, вели дека вакцините што беа ветени од бугарскиот претседател Румен Радев за С Македонија, се уште не се доставени.
извор: МИА