Промени тема
Контакт

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Основното јавно обвинителство Скопје поведе кривична постапка против две државјанки на Република Бугарија, осомничени за повеќекратни кражби и обиди за незаконско подигнување пари од банкарски сметки.

— реклама —

Според обвинителството, првоосомничената во пет наврати, а последниот пат заедно со второосомничената, од различни лица крадела паричници со пари, документи и банкарски картички, по што се обидувале да повлечат дополнителни средства од банкомати.

— реклама —

Еден од инцидентите се случил на 4 април 2025 година во автобус на ЈСП Скопје, каде бил украден паричник со 2.600 денари и банкарска картичка, од која подоцна биле подигнати 30.000 денари. Во август 2025 година, во трговски центар во Скопје, осомничената извршила уште три кражби, при што првично стекнала противправна корист од 39.000 денари, а од една картичка успеала да повлече дополнителни 60.000 денари.

— реклама —

Последниот случај е регистриран на 4 јануари 2026 година, кога двете осомничени заедно украле паричник и други предмети во вредност од 3.000 денари, но неуспешно се обиделе да повлечат пари од сметката на оштетената.

Обвинителството испитува и сомнежи дека во успешните случаи на подигнување пари биле користени ПИН-кодови што жртвите, претежно повозрасни лица, ги чувале запишани во своите паричници, поради што се проверува и евентуално постоење на кривично дело неовластено навлегување во компјутерски систем. За двете осомничени е предложена мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj7rgfjjj966jds9FywF

Неверојатна кражба во Загреб: Му ги украле задните врати од автомобилот

Вирално | пред 1 седмица

— реклама —
media-library85kj3kk0t5hh3AwoF9C

(Видео) Украл 600 лимони, „казната“ од сопственикот била да ги изеде сите лимони

Вирално | пред 3 седмици

media-librarysmhv5ccgp01idXP6YoY

(Видео) Македонци се бараат за кражба на бензиска во Косово

Македонија | пред 1 месец

media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Масовна кражба во Салцбург: Исчезнаа 210 фигурини на Моцарт од познат парк

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања