Промени тема
Контакт

Бугарски истражител тврди дека ја имаат точната причина за автобуската трагедија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
makedonski-avtobus-bugarija5

„Недвосмислено е утврдено - од доказите и вештачењата дека трагедијата на автопатот Струма е предизвикана од однесувањето на возачот“, изјави бугарскиот истражител Младен Петров за инцидентот во кој загинаа 45 лица од Македонија.

„Само неговото однесување е причина оваа ситуација да настане и да прерасне во несреќа која завршува со овој резултат“, рече Петров.

„Во конкретната ситуација, насочувањето на автобусот подалеку од активната лента и ударот во заштитната ограда довело до пробивање и уништување на елементи, компресија на резервоарот, компресија на неговата содржина. Ова е придружено со обилно расејување на искри предизвикано од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за запалување на горивото“, вели Петров.

— реклама —

Во врска со шпекулациите дека до инцидентот довело обележувањето на автопатот Струма, Петров додаде дека видливоста не била нарушена.

— реклама —

„Точно, хоризонталната ознака, страничната ознака, малку избледе, но не е невидлива. Средината, централната линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива“, вели истражителот.

Отсега ќе се разгледува мислењето на истражниот тим.

— реклама —

„Треба да бидат вклучени жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење дека нема виновно однесување кое е причинско-последична врска за овој резултат, води до тоа дека постапката најверојатно ќе биде прекината“, рече Петров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања