Бугарски истражители доаѓаат во Македонија, ќе се зема ДНК материјал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-11-23-at-15.59.20

Екипа од шест истражители од бугарската национална истражна служба и тројца обвинители од Окружното обвинителство во Перник ќе работат на предистражната постапка за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 граѓани на Република Северна Македонија.

— реклама —

Ова за „24 Часа“ го соопшти Сијка Милева, портпарол на јавниот обвинител на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се должи на меѓународниот аспект на случајот, при што обвинителите од Меѓународниот оддел при Врховното обвинителство на Бугарија дале целосна помош и координација во врска со испраќањето барање за правна помош.

— реклама —

Во рамките на меѓународната правна соработка, прецизирани се најкратките можни рокови за доставување на потребните документи. Во оваа насока, главниот обвинител од Бугарија Иван Гешев ќе испрати до Скопје обвинител и истражител од тимот, кои ќе го достават барањето за правна помош до Обвинителството на Република Северна Македонија. Со оглед на брзината и ефикасноста, тимот лично ќе ги добие потребните документи, додаде Милева.

— реклама —

За да се идентификуваат загинатите македонски државјани, бугарскиот тим ќе добие и ДНК-профили на роднините на жртвите за да ги спореди со ДНК-профилите на жртвите за што поскоро да ги идентификува, додаде таа. Веќе е создадена потребната организација за брза и ефективна истрага, има поделба на работата по посебни ресори.

Главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев е во постојана комуникација со главниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. Обвинителството на Република Бугарија работи на утврдување на причините за тешката несреќа, како и на брзо идентификување на телата на загинатите македонските државјани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања