Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Бугарското МНР му одговори на Мицкоски: Планот за заедниците не е спор меѓу Скопје и Софија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
bugarija-MNR

Прашањето на кој јазик треба да биде изготвен Акцискиот план за правата на заедниците е внатрешно прашање на Северна Македонија и не претставува тема на билатералните односи, соопштија од Министерство за надворешни работи на Бугарија, реагирајќи на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со овој документ.

Реакцијата од официјална Софија следува по тврдењата на Мицкоски дека Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците бил изготвен уште пред неколку месеци, со вклученост на европски експерт, но дека не бил прифатен од Бугарија. Премиерот викендов изјави дека единствената суштинска забелешка од Софија се однесувала на фактот што документот бил напишан на македонски јазик, што, според него, покажува дека проблемите што Бугарија ги има со земјава се подлабоки и не се поврзани со исполнувањето на Копенхашките критериуми за членство во Европска Унија.

— реклама —

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското Министерство за надворешни работи се наведува дека документот ќе го спроведуваат институциите на Северна Македонија кон сопствените граѓани и дека, според таа логика, тој треба да биде напишан на јазик што е разбирлив и достапен за нив. Од Софија оценуваат дека одлуката на Скопје нацрт-планот да им го претстави на граѓаните на англиски јазик е тешко објаснива, особено ако целта е документот да биде реално и целосно применет.

— реклама —

Бугарското МНР во исто време истакнува дека Акцискиот план за правата на заедниците е чекор што треба да следи по внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, што сè уште не е реализирано, а кое, според Софија, е предуслов за отворање на преговорите за пристапување во Европската Унија.

Во реакцијата се поздравуваат и изјавите на премиерот Мицкоски дека во документот ќе бидат вградени сите други забелешки на бугарската заедница, при што од бугарската дипломатија наведуваат дека очекуваат тој да го исполни даденото ветување.

— реклама —

Мицкоски, пак, претходно нагласи дека ниту една друга земја членка на ЕУ, ниту пак некое малцинство во Северна Македонија, не реагирало на содржината на Акцискиот план и дека единственото прашање што било проблематизирано е јазикот на кој е напишан документот. Тој истакна дека македонскиот јазик е мајчин и официјален јазик на државата, како и дел од меѓународната комуникација, и дека сите технички и политички барања биле испочитувани.

— реклама —

Премиерот додаде дека во изработката на Планот биле вклучени и предлози од меѓународни експерти, меѓу кои и од Италија, а на барање од Брисел документот бил доставен до Бугарија и пред официјалниот рок, како гест на добра волја. Според него, актуелната ситуација уште еднаш покажува дека спорот не е поврзан со заштитата на малцинствата, туку со подлабоки политички несогласувања.

Акцискиот план за правата на малцинствата и заедниците е еден од чекорите што Северна Македонија треба да ги реализира во рамки на пристапниот процес кон Европската Унија, а дебатата околу него повторно ги актуелизира сложените односи меѓу Скопје и Софија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања