Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Чаби Алонсо повеќе не е тренер на Реал Мадрид, Арбелоа го презема првиот тим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Спорт
media-libraryeuvn2r5e2ao52RpcUR7

Реал Мадрид официјално соопшти дека Чаби Алонсо повеќе не е прв тренер на „кралскиот клуб“, откако, како што наведуваат од клубот, по взаемен договор е одлучено да се прекине неговиот мандат на чело на првиот тим.

— реклама —

Во официјалното соопштение од мадридскиот клуб се истакнува дека Алонсо ќе остане трајно поврзан со Реал Мадрид, не само како поранешен тренер, туку и како една од легендите кои секогаш ги претставувале вредностите на клубот.

Од „Сантијаго Бернабеу“ нагласуваат дека клубот му изразува благодарност на Алонсо и на целиот негов стручен штаб за вложениот труд и посветеноста во изминатиот период, посакувајќи им успех во следната фаза од нивната професионална кариера.

— реклама —

Набргу по објавата за разделбата со Алонсо, Реал Мадрид информираше и кој ќе биде неговиот наследник. Нов тренер на првиот тим е именуван Алваро Арбелоа, поранешен фудбалер на клубот и долгогодишен член на тренерскиот кадар во младинската школа.

Арбелоа од јуни 2025 година беше тренер на Кастиља, а целата своја тренерска кариера ја гради во системот на Реал Мадрид од 2020 година наваму. Во тој период ги водеше тимовите Инфантил А, Кадете А и Јувенил А, со кои оствари значајни резултати, вклучувајќи и тројна круна во сезоната 2022/23 – шампионска титула, Куп на кралот и Куп на шампионите, како и уште една титула во сезоната 2024/25.

Како фудбалер, Арбелоа беше дел од една од најуспешните ери во историјата на Реал Мадрид. Тој го носеше дресот на клубот од 2009 до 2016 година, одигра 238 официјални натпревари и освои осум трофеи, меѓу кои две титули во Лигата на шампионите и една титула во шпанското првенство.

Арбелоа има и блескава репрезентативна кариера, како дел од златната генерација на Шпанија која го освои Светското првенство во 2010 година, како и Европските првенства во 2008 и 2012 година, при што за националниот тим забележа 56 настапи.

Со оваа одлука, Реал Мадрид започнува ново поглавје на тренерската клупа, доверувајќи му ја првата екипа на човек кој, како што истакнуваат од клубот, длабоко ги познава традицијата, вредностите и системот на „кралскиот клуб“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Анчелоти бурно реагираше поради Мбапе: „Веќе ги имаме најдобрите фудбалери во светот“

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања