Реал Мадрид го загуби градското дерби од Атлетико со 2:1, а веднаш по натпреварот клупската телевизија на „кралскиот клуб“ упати остри критики кон судијата Мигел Ортиз Ариас.
Од Реал Мадрид ТВ го обвинија судијата дека со своите одлуки влијаел врз натпреварот, а во критиките го поврзаа и со Барселона.
„Го загубивме дербито поради судијата. Судијата Мигел Ортиз Ариас е пријател на Ламине Јамал“, објавија од клупската телевизија.
Критиките продолжија со тврдења дека неговото судење му овозможило на Атлетико да има предност на теренот.
„Судијата што се дружи со играчите на Барселона му дозволи на Атлетико да остане со играч повеќе. Неговото судење нè остави без зборови“, се наведува во реакцијата.
Од Реал Мадрид ТВ отидоа и чекор понатаму, обвинувајќи ја шпанската лига за корупција и тврдејќи дека натпреварувањето е наместено.
„Можеме отворено да кажеме дека оваа лига е жариште на корупција. Сè е наместено, судијата нема поим и е само кукавица“, порачаа од клупската телевизија.
Ова беше втор пораз за Реал Мадрид сезонава, откако Атлетико славеше на „Метрополитано“ со 2:1.