Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Чаир додели 9.500 имотни листови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

По доделувањето на имотните листови, градоначалникот Ганиу информираше дека Општина Чаир, до денес примила 12.000 барања за имотни листови, од кои 9.500 веќе добиле. Со тоа, како што рече Ганиу, Општина Чаир им претходи на сите општини во Република Северна Македонија, во делот на решени барања за нови имотни листови и регистрација на имот.

— реклама —

„Општина Чаир успеа да обработи и имплементира над 80 проценти од овие барања и како таква, се смета за рекордер во оваа област“, рече Ганиу.

Правото на приватна сопственост и домување, рече Ганиу, го сметаме за елементарно право на демократијата и државата, и како такви сме прваци во остварувањето на ова индивидуално и семејно право.

— реклама —

„Општината Чаир им обезбеди на 9500 семејства документи за сопственост преку регулирање на станбениот статус на овие семејства и решавање на овие витални проблеми. Во новиот мандат, процесот на легализација и сопственост на имот ќе биде проблем кој ќе се смета за минато“, рече градоначалникот на Чаир и кандидат за оваа задача во следните четири години, Висар Ганиу.

„Сето ова достигнување беше овозможено со Законот за легализација, кој создаде можности за огромното мнозинство жители на Чаир да добијат имотни листови за нивните домови, од кои, некои изградени пред повеќе децении“, изјави Ганиу, заблагодарувајќи се на Секторот за урбанизам на општината за ефикасната работа во текот на сиве овие години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања