„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Цаноски: Ципрас со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
cipras-2-960x720

Добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година Уидидед Бушамауи, придружувана од ректорот Нано Ружин и Сефер Цаноски, сопственикот на Универзитетот ФОН во Скопје денеска се сретна во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

— реклама —

Цаноски и на Фејсбук објави дека иницијаторите на номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019, имале средба со Ципрас.

„Денеска во Атина, имавме можност да се сретнеме со премиерот на Република Грција, почитуваниот г-дин Алексис Ципрас.

— реклама —

Го информиравме за нашата иницијатива каде тој со задоволство ја прифати номинацијата за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на Видед Бушамауи , добитник на нобелова награда за мир во 2015 година.

Историскиот преспански договор, но и самите тие како лидери на новото време кои имаа храброст и визија да излезат од стереотипните политики кои со децении се водеа наназад ,со една единствена цел да градиме нормални, добрососедски и пријателски односи.

Начинот на кој решија во принцип тежок идентитетски спор , со дипломатски средства , е посебен успех кој како пример и модел ќе се користи убеден сум во регионот и пошироко . Вакви идентитетски конфликти се најтешки за решавање и често остануваат “замрзнати конфликти” - сакам да нагласам, тоа е посебен успех .

Затоа, и двајцата, г. Ципрас и г-дин Заев заслужуваат да бидат и да бидат новите Лауреати и добитници на Нобелова награда за мир за 2019 година.“, напиша Цаноски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/sefer.canoski/posts/10215988705103259

Зоран Заев и Алексис Ципрас, се номинирани за Нобелова награда за мир за 2019 година за Договорот од Преспа, со кој се надминува дводеценискиот спор за името.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања