Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски вели дека институциите работат за да се сузбие нелегалната продажба на режаниот тутун кој се продава. Танасоски исто додава дека при производството на тутун се користат пестициди а потоа истиот и несоодвето се чува , на места каде има мувла. Овие пак се фактори кои допринесуваат за појава на рак.
„Нелегалната продажба на режан тутун штети на здравјето на граѓаните. Продажбата на ваков тутун има штетни последици. Овој вид на тутун нема никакви документи за начинот на производство, а не е контролиран ниту квалитетот. Во почетокот на годината Царинската управа формираше посебно работно тело за следење на оваа појава. Во координација со другите институции работиме за да ја сузбиеме нелегалната продажба на режаниот тутун кој се продава на пазарите. Пративме и мустри за анализи кои беа земени на различни места во државата, а дел од нив покажаа дека при одгледувањето се користат пестициди. Нережаниот тутун има и катран во недозволени количини. Поради несоодветниот начин на чување има и мувла, која преизвикува токсини, што доведува до појава на рак“, вели Танасоски.