Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Царината воведува паметни граници и автоматизирани царински терминали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryv772s79mfk0dfEMHTpa
ФБ / Царина

Царинската управа започна со реализација на проект за модернизација на граничната инфраструктура, со кој ќе се воведат паметни системи за автоматизација на царинските терминали. За проектот се обезбедени два милиони евра грант од Европската Унија.

— реклама —

По спроведена јавна набавка е потпишан договор со избраниот изведувач за испорака на потребната опрема, а целосната имплементација на проектот се очекува да заврши до средината на следната година.

— реклама —

Со автоматизацијата ќе се овозможи побрз проток на стоки преку границите, значително ќе се намали времето на чекање и ќе се намалат оперативните трошоци за економските оператори. Новите дигитални рампи и автоматски ваги ќе ги заменат постојните системи, а увозот, извозот и транзитот ќе се евидентираат автоматски за неколку секунди по влезот на товарните возила на царинските терминали.

— реклама —

Системот ќе биде поврзан со видеонадзор и автоматско препознавање на регистарските таблички, додека паралелно се спроведува постапка за набавка на софтвер што ќе ги интегрира сите компоненти во единствен систем.

— реклама —

Од Царинската управа посочуваат дека новите решенија ќе овозможат поефикасна контрола, побрз проток на легалната трговија во согласност со европските стандарди, како и намалување на влијанието на човечкиот фактор, што треба да придонесе за поефикасна борба против криминалот и корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања