Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

Царинските службеници на граничниот премин Богородица заплениле 77 парчиња златен накит вредни околу четири милиони денари, кои тетовчанец, сопственик на златарница, се обидел нелегално да ги внесе во државата, скриени во перница за врат.

— реклама —

Случајот бил откриен при контрола на автобус што сообраќал на релацијата Истанбул – Гостивар. Иако патниците биле прашани дали имаат стока за пријавување, никој не пријавил ништо, по што царинските службеници извршиле детален преглед.

Во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот биле пронајдени 77 парчиња златен накит со вкупна тежина од 612 грама.

— реклама —

Од Царинската управа информираат дека во предистражната постапка биле обезбедени докази оти тетовчанецот го купил накитот од златарска работилница во Истанбул, а потоа планирал нелегално да го внесе во државата и да го продава во сопствената златарница.

— реклама —

Против него е поднесена кривична пријава за криумчарење, дело казниво согласно со Кривичниот законик.

Од Царинската управа посочуваат дека продолжуваат со активностите за заштита на финансиските интереси на државата и создавање услови за фер економија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryq5cc9te255lt7VWRcPr

(Фото) Косовец сакал да шверцува четири питони и отровна змија на Богородица, ги скрил под седиштето

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања