Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Царинските службеници на граничниот премин Табановце откриле и заплениле повеќе видови дрога кај германски државјанин кој влегувал во државата со својот сопружник. При контролата биле пронајдени хашиш, амфетамин, МДМА и тетрахидроканабинол, а случајот е документиран и со снимки од боди-камерите на службениците.

— реклама —

Според информациите од Царинската управа, откако возилото било избрано за проверка, службениците пронашле супстанца со зеленкаста боја во црна кесичка, жолта восочна материја во црни кутивчиња, како и дрога во форма на бонбони. Биле откриени и дробилки и вага за прецизно мерење.

— реклама —

При личниот претрес на осомничениот биле пронајдени дополнителни количества супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, бел гел и таблети со портокалова и кафеава боја.

Лицето било приведено од инспектори од Одделението за истраги, по што биле преземени предистражни дејствија. По наредба на јавен обвинител било извршено вештачење, со кое бил утврден составот на пронајдените супстанци.

— реклама —

Против осомничениот е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

— реклама —

Од Царинската управа наведуваат дека случајот е документиран со снимки од боди-камери што биле обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryq5cc9te255lt7VWRcPr

(Фото) Косовец сакал да шверцува четири питони и отровна змија на Богородица, ги скрил под седиштето

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања