Царинската управа покренува дисциплинска постапка против пријателот од Груевски?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
trajkovski-gruevski

Александар Трајковски, лицето кое го посети екс премиерот Никола Груевски во Будимпешта, инаку вработен во Царинската управа предмалку на социјалната мрежа фесбук објави дека денеска му бил доставен предлог за покренување на дисциплинска постапка.

— реклама —

Трајковски на ФБ напиша:

Денес околу 16:20 часот (работното време во Царинската управа е до 16:30 часот) до мене како вработен и официјално беше доставено она што пред неколку денови го кажав во изјава за дел од медиумите, односно предлог за покренување на дисциплинска постапка против мене како вработен во Царинската управа. Како што кажав пред неколку дена започна да се реализира една фингирана дисциплинска постапка во која се прекршуваат мноштво закони. Ме теретат дека сум постапил спротивно на Законот за Царинската управа односно дека сум извршил злоупотреба на боледување. Злоупотребата на боледување сум ја извршил бидејќи сум заминал на испитување во болница во Република Унгарија (за што поседувам медицинска документација од извршените прегледи) а не сум имал право на тоа, односно не сум имал право на второ лекарско мислење.

— реклама —

Оваа покрената постапка значи директен атак врз правата на пациентите. Оваа постапка крши директни човекови права. И конечно оваа постапка не значи ништо друго освен политички реваншизам врз мене и како член на ВМРО-ДПМНЕ и како Советник во Советот на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Како граѓанин на Република Македонија ми се кршат основните човекови права и слободи, ми се крши уставно загарантираното право на здравствена заштита како и можноста да се грижам за сопственото здравје онака како што јас мислам дека е потребно. И како граѓанин ќе поднесам соодветни поднесоци до надлежни институции и организации за заштита на човековите права.

Како Советник избран од граѓаните на Општина Гази Баба на непосредни избори ќе ги информирам меѓународните преставници и организации бидејќи ова го сметам како директен притисок врз мене и врз моето понатамошно делување и носење на одлуки, напиша Трајовски на ФБ.

https://www.facebook.com/1090575180/posts/10212875090887304/

Инаку Царинската управа во декември месец 2018 годотвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта. Од Царина го испитуваат неговото отсуство од работа во Царинската управа.

Истрагата на Царинската управа е поврзана со почитувањата на правилата за ред и дисциплина на Царинската управа, Законот за работните односи (член 81) и колективниот договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања