„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Царовска: Ако двете лица од семејството по два пати одбијат работа, се укинува паричната помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Mila_Carovska_Minister

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во вечерашното гостување на телевизија Телма ја објаснуваше новата социјална реформа и мерките кои произлегуваат од неа. Шпекулации кои излегоа во јавноста дека правото на минимален гарантиран приход (по старо социјална помош) ќе биде укинато ако лицето два пати одбие работа не се точни. Односно, правото на минимален гарантиран приход ќе се укине ако две работноспособни лица од семејството по два пати одбијат работа.

— реклама —

-Од семејството ќе биде избрано едно лице кое најбрзо може да се подготви за пазарот на труд. На лицето ќе му биде дадена обука, доквалификација или преквалификација и ќе биде подготвено за пазарот на трудот. Потоа ќе му биде понудена работа. Ако првата работа ја одбие, ќе му биде понудена втора. Ако два пати одбие, тогаш одиме на второто лице во семејството, на пример преминуваме на мајката и неа ја подготвуваме за пазарот на трудот, со обуки и квалификации. Доколку и второто лице два пати одбие работа, тогаш ќе се размислува што со децата од тоа семејство, а ќе се премине на укинување на мерката социјална помош. Значи четири обиди за вклучување на пазарот на трудот, пред да се премине на укинување на паричната помош, објасни Царовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања