„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Царовска ќе ги врати децата во училиштата, но има отстапки кои ќе следат онлајн настава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21042021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_sredba_3

Министерката за образование, Мила Царовска, смета дека протоколите нема да дозволат ширење на коронавирусот низ училиштата, од каде од септември учениците ќе треба да следат настава. Министерката се повикува и на искуствата од минатата година, кога немало локална трансмисија во училиштата. Исклучоци ќе има, а тоа ќе се за децата кои имаат хронични болести или имаат лице во семејството кое има хронична болест.

— реклама —

„Искуството кое го имаме од минатата година, а согласно протоколите за годинава, укажуваат дека епидемиолошката служба утврдува дали ќе одат само неколку ученици, дали самиот ученик.. Минатата година немаше интерна трансмисија во ниту едно училиште. Токму затоа годинава Кризниот штаб ја донесе одлуката. Владата очекувам денеска да ја потврди истата. Има исклучоци кога има ученици со хронични болести, но и ако во семејството имаат некој со хронични болести. И децата кои ќе бидат во изолација ќе можат да следат онлајн настава. Има три сценарија, кои можат да се менуваат, зависно од тоа што е потребно во моментот. Нема подобра настава од таа со физичко присуство“, рече Царовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања