„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Царовска: Откупот на учебници мора да биде транспарентен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
21042021_PVRSM_Zaev_MON_Carovska_sredba_3

Министерството за образование сака да обезбеди транспарентност на процесот на набавка на учебници и да ги има на увид сите потребни документи, првенствено за да може да ја формира цената на учебниците, но и да потврди дека учебниците што се набавуваат се усогласени со Кембриџ програмата, изјави министерката за образование Мила Царовска во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.

— реклама —

Таа појасни дека овие елементи се важни за да може да се утврди реалната цена на учебниците, врз основа на тоа колку чини печатењето, репроматеријалите и колку ги чини куќите авторското право.

-Ова е важно за да не одиме ниту превисоко, ни прениско со цената на учебниците. Во моментов сме во консултација со повеќе институции кои се во рамки на Министерството и се надлежни за ова прашање, но и со надворешни институции со цел да стигнеме до заштита на јавниот интерес, но и формирање на реална цена, рече Царовска.

— реклама —

Првиот обид за преговори со двете издавачки куќи кои ги имаат правата за Кембриџ учебниците, Арс Ламина и Арбериа Дизајн, беше неуспешен, затоа што тие не доставиле докази за авторско право за Кембриџ учебниците.

Министерката појасни дека со други две компании со кои се преговарало, ќе се потпишат договори, а со Арс Ламина и Арбериа Дизајн постапката може да се повтори, по завршувањето на жалбената постапка.

-Важно е заеднички да го надминеме ова прашање. Сметаме дека јавните пари мора да се трошат на транспарентен начин. Затоа ги бараме и одобрението и авторските права и сите други документи за да може да одиме на откуп на учебници, посочи Царовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања