Промени тема
Контакт

Царовска: Со нови дуални паралелки во Велес обезбедуваме баран кадар од машинска, електротехничка, хемиско-технолошката, угостителско – туристичката и здравствена струка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mila

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес како дел од отворените денови на кампањата “Учи паметно, работи стручни“ ги посети двете средни стручни училишта „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес каде од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите.

На штандови поставени во училишните дворови полуматурантите имаа можност да се информираат на придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование.

“Среќна сум што има голем интерес кај деветтодделенците да дознаат повеќе за средното стручно образование и што имав можност да разговарам со нив кои се нивните афинитети. Овде во Велес и тоа како е потребен кадар од областа на машинството, електротехниката, хемиско-технолошката, угостителско – туристичката струка и секако здравствената струка.

— реклама —

Верувам дека младите нема да погрешат ако одлучат да одберат некоја од посочените струки, особено во оние каде имаме дуално образование, а тоа e во хемиско – технолошката и машинската струка, преку кое, благодарение на поддршката од крупни локални компании како Брако, Леов, Маркарт и Ронтис ќе има добро организирана практична обука за учениците директно на работно место. Тоа пак, значи интересни часови и стекнување на квалитетни практични вештини со кои полесно се успева на професионален план”, изјави министерката Царовска.

Министерството за образование и наука од идната учебна година воведува стипендии од 3500 денари месечно за учениците од месечно дуална паралелка, но сепак најголем мотив треба да им биде можноста за брз и успешен настап на пазарот на трудот по формализација на образованието.

“До уписите во средно преостанува нешто повеќе од 1 месец, доволно време за полуматурантите добро да размислат и да донесат вистинска одлука според личните афинитети и состојбата на пазарот на трудот”, рече Царовска.

— реклама —

Во двете средни стручни училишта во Велес е планирано да се запишат вкупно 508 ученици во прва година. Од нив 322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик се во СОУ “Коле Неделковски“, а останатите 186 во 6 паралелки на македонски јазик во СОУ “Димитрија Чуповски“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања