Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Царовска за ТВ 24: Подготвени стартуваме со реформата на основното образование

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
carovska

Министерството за образование и наука интензивно инвестира во реконструкција, доградби и изградби на училишта, како и во опрема за лаборатории, со цел успешен старт на реформата на основното образование од учебната 2021/2022 година. Една од причините за намалување на квалитетот на образованието е недоволното и несоодветното вложување и финансирање на образованието во последните три децении. Министерката за образование и наука Мила Царовска вели дека сега е променет начинот и методологијата за вложување во капитални инвестиции во образованието. Општините можат да аплицираат на јавниот повик за капитални инвестиции, а проектите потоа се селектираат низ транспарентен процес. Но, за системски пристап се потребни и податоци за состојбата во која се наоѓаат училиштата во државата, и затоа е пристапено кон собирање микро податоци, односно се прави анализа на деталната инфраструктура.

Во информативниот магазин „25 минути“ на ТВ 24, Царовска посочи дека дури и во оние 141 училиште коишто имаат реновирани санитарни јазли во последните 5 години, веќе се забележуваат значителни оштетувања, само поради несоодветниот систем на одржување.

— реклама —

„Во многу извештаи е наведено дека не е спорно инвестирањето, ако се прави плански и еднакво, а ние тоа го правиме, колку што одржувањето треба да биде соодветно. Има правилник за тоа, сега се прават дописи до училиштата дека треба да го почитуваат“, рече министерката.

— реклама —

Во подобрување на инфраструктурата на училиштата, опремување на информатичките и лабораториите за природни науки, како и за библиотеки и училишни ресурси за потребите на наставата, ќе се инвестира и преку Проектот за унапредување на основното образование, за што е потпишан договор со Светска банка. Од вкупно 21,5 милиони евра, колку што изнесува проектот, за овие намени се издвоени 15,1 милион евра.

— реклама —

„За прв пат, оваа Влада зема силен замав во инвестирањето во основното образование, за да може да се постават условите за имплементација на новата концепција и за околу 6 години од денес да кажеме дека нашето основно образование е модерно, соодветно и ги постигнува стандардите“, нагласи Царовска.

Ефектите на реформата на основното образование ќе се покажат преку подобрите резултати на меѓународните тестирања, на кои сега сме далеку под меѓународен просек, дури и под просекот на регионот.

Министерството, потенцираше Царовска, ниту набавило ни има во план да набавува возила, туку го зголемува буџетот за капитални инвестиции, и тој годинава изнесува една милијарда денари, а блок-дотациите, и во време на криза, октомври -декември 2020 година, се зголемени за 2%.

извор: МОН

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања